Три особини што ја откриваат интелигенцијата кај човекот

309

Луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто прифаќаат двосмисленост и нејаснотија, открива истражување кое наведува и три други клучни карактеристики на поинтелигентните луѓе.

Многу проблеми во животот немаат дефинитивен одговор – а интелигентните луѓе полесно се справуваат со тоа. Затоа поинтелигентните луѓе можат да носат подобри одлуки, бидејќи имаат способност да прифатат дека светот не е црно-бел, откриваат истражувачите.

Други вообичаени знаци на висок коефициент на интелигенција се совесност, преземање ризик и љубопитност.

Луѓето што се совесни се повнимателни, поефикасни, самодисциплинирани и се стремат кон постигнувања.

Интелигентните луѓе имаат поголема веројатност да имаат особини од типот А, кои се поврзани со конкурентноста и преземањето ризик.

Љубопитноста открива висока интелигенција

Љубопитноста е поврзана и со високата интелигенција. Луѓето што се љубопитни поставуваат многу прашања, бараат изненадувања и наоѓаат време за нови идеи.

Истражувањето опфатило 820 луѓе, чија интелигенција и личност биле измерени. Резултатите покажале дека четири фактори на личноста се поврзани со интелигенцијата.

Способноста да се справите со неизвесноста е особено силен знак за висока интелигенција, пишуваат авторите.

Една особина најмоќно ја открива интелигенцијата.

Ова истражување покажа дека повеќекратните мерки на интелигенција предвидуваат поголема толеранција за несигурност.

Претходните истражувања покажаа дека попаметните лица полесно се приспособуваат и ги проценуваат променливите работни задачи, што доведува до поголема точност во донесувањето одлуки – велат истражувачите.

Љубопитните луѓе, исто така, имале повисок коефициент на интелигенција, покажало истражувањето.

Се претпоставуваше дека љубопитноста – обележана со голема отвореност, креативност, имагинација и когнитивна сложеност – е поврзана со повисок коефициент на интелигенција – заклучуваат тие.