Три причини зошто треба веднаш да ги избришете Google Photos од вашиот телефон

41

Експертот за сајбер и надзор Зак Дофман за Форбс посочи три причини зошто корисниците на iPhone треба да размислат да се ослободат од апликацијата Google Photos.

Прво, користењето Google Photos значи да и дадете на платформата целосен пристап до вашите фотографии.

“Apple има релативно нова алатка за приватност во својата апликација за фотографии, за да ги ограничи фотографиите до кои можат да пристапат апликациите. Меѓутоа, кога станува збор за „Google Photos“, апликацијата нема да ја прифати, инсистирајќи да ја смените поставката за да и дадете пристап до сe, ако сакате да ја користите апликацијата“.

Тој ја наведува ознаката за приватност на Google Photos на App Store како друга причина да се избегне апликацијата. Открива колку податоци може да се соберат за вас кога ја користите апликацијата и според она што го кажува описот, тоа е голема количина на податоци во споредба со Apple Photos.

Податоците собрани од Google Photos може да вклучуваат локација, историја на пребарување и историја на купување. Секогаш можете да го ограничите пристапот на Google до овие податоци, но тоа може да ја ограничи функционалноста на Photos.

Третиот и последен проблем на апликацијата за Дофман е употребата на вештачка интелигенција во облакот на фотографиите на корисниците. Тој наведува дека ова е најголемиот проблем бидејќи поради употребата на „облак“ технологијата, мора да е „нечиј компјутер“ на кој се наоѓаат или обработуваат вашите фотографии и податоци.

Експертот заклучи дека корисниците на Apple треба да ја користат приватноста поставена од компанијата и да не преземаат Google Photos и покрај некои предности.