По минатогодишниот успех, Корејската технолошка компанија Samsung, на Consumer Electronics Show (CES) што ќе се одржи од 5 до 8 јануари во Лас Вегас, ќе претстави три Creative Lab (C-Lab) проекти. C-Lab е бизнис програма којашто е создадена во декември 2012 година, со цел да се охрабри креативната корпоративна култура и негува иновативни идеи од вработените во Samsung. Програмата поддржува развој на идеи од сите области на бизнисот.
Еден од нив е Lumini, скенер за нега на кожа којшто е поврзан со апликација на паметен телефон. Од компанијата велат дека овој уред го слика човековото лице и потоа ја анализира кожата преку своја програма. Информацијата потоа се испраќа на апликација на паметниот телефон и сопственикот добива известување за евентуални проблеми со кожата и нуди решение. Апликацијата овозможува и разговор на далечина со дерматолог.
Друг C – Lab проект што ќе биде прикажан е производот за нега на лице S – Skin. Едниот дел од производот е микроигла којашто навлегува во кожата и пренесува ефикасни состојки за кожата, а вториот дел е дизјаниран за мерење на хидратација и црвенила користејќи LED светла за нега на кожата.
Tag+ е електронски уред со копче што овозможува дополнителна функционалност на играчките, а децата може лесно да го користат. Уредот е дигитален придружник што се поврзува за играчки и апликација на паметен телефон преку Bluetooth LE и предизвикува интеракција кај децата.