Три работи за кои инвеститорите треба да бидат благодарни

76

Беше долга, напорна година за инвеститорите.

Брајан Сози од Yahoo Finance! пишува дека крипто светот бил ефикасно „разнесен од рацете на злобните актери како Сем Банкмен-Фрид од FTX“, чиј банкрот го урнал целиот пазар на криптовалути.

Дополнително, паднаа акциите на компанијата мајка на Фејсбук, Мета, а некогаш недопирливата технолошка компанија отпушти 11.000 вработени.

Понатаму, милијардерот Илон Маск е сопственик на Twitter, а акциите на Tesla се во слободен пад, не сметајќи го вчерашното закрепнување.

Исто така, главните индекси на Волстрит се борат да ги задржат своите сегашни нивоа.

Сепак, постојат неколку причини инвеститорите да бидат благодарни оваа празнична сезона.

Еве три работи што се истакнуваат:

Прво: Каква рецесија?
Економистите и бизнисмените цела година повикуваат на рецесија, што не се случи. Напротив – според последните податоци на Федералните резерви, се предвидува дека БДП на САД ќе порасне за силни 4,3% во четвртиот квартал.

Второ: Поразот на ИТ гигантите, што всушност е добра работа
Ова може да изгледа контраинтуитивно, но бидете благодарни што групата FAANG [Facebook/Meta, Amazon, Apple, Netflix, Google] изгуби милијарди долари во пазарната вредност оваа година откако Федералните резерви почнаа да ги зголемуваат каматните стапки.

Зошто? Постојат две причини.

Прво, им научи на инвеститорите вредна лекција: дури и моќните технолошки компании не растат стабилно и засекогаш.

Второ, основата е поставена за нов раст на акциите во текот на следната деценија, сега кога минатите вреднувања се обратни и структурата на трошоците е ресетирана.

Трето: Инфлацијата забвува
Бидете благодарни што инфлацијата конечно почнува да забавува.