Триесет дечиња добија фудбалски стипендии од Телеком

79

Заврши првата фаза од потрагата по фудбалски таленти на Македонски Телеком.

Триесет дечиња добијa стипендии во Академијата за фудбал Вардар. Македонски Телеком го организираше изборот изминатиот викенд, на 7 јуни, кога пријавените млади таленти преку натпревари беа одбрани да бидат стипендисти во академијата.

Натпреварите поминаа во одлична спортска атмосфера. Младите таленти го покажаа најдоброто од себе и се претставија како вистински фудбалери. Децата кои се пријавија преку www.footballstars.mk и испратија кратки видеа во кои ги покажаа своите основни фудбалски вештини, беа поканети на скаут натпревари на терените на ФК Вардар во Градскиот парк.

Тренерите од ФК Вардар ја анализираа играта на секое дете и ги прогласија 30-те најдобри таленти, добитници на фудбалски стипендии во Академијата за фудбал Вардар.

Имињата на стипендистите се објавени на www.footballstars.mk, каде што веќе е најавен почетокот и на втората фаза од потрагата по фудбалски таленти.

Пријавувањето во втората фаза ќе трае до крајот на август, а натпреварите и доделувањата на новиот циклус стипендии ќе се случат во почетокот на септември 2018 година. Во втората фаза ќе се доделат уште 20 стипендии.

Македонски Телеком им честита на младите ентузијасти што учествуваа во изборот и силно верува дека меѓу нив се кријат идните фудбалски ѕвезди. Истовремено ги поттикнува сите останати талентирани деца да се пријават во втората фаза, со што можат да го остварат својот сон да станат професионални фудбалери.