Триглав осигурување Скопје назначи нов извршен директор

23

triglav

Сања Танчевска од мај оваа година ја врши функцијата извршен директор на осигурителната компанија Триглав Осигурување Скопје, стои во ценовно – чувствителната информација, објавена на Македонска берза.

“Во Триглав Осигурување АД, Скопје настанаа промени во органот на управување, поточно Одборот на директори на Друштвото на ден 05.03.2014 година ја назначи Сања Танчевска за извршен член на Одборот на директори. На ден 09.04.2014 година, Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение број 02-6837/1, со кое се издава согласност за именување на Сања Танчевска за член на орган на управување во друштво за осигурување. Во согласност со тоа, започнувајќи од месец мај оваа година, Сања Танчевска ја врши функцијата извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје“, се наведува во информацијата објавена на Берза.