Триглав Осигурување Скопје постигна раст во уделот на пазарот на неживотно осигурување од речиси 3%

34

triglav

Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2016 година посветено работеше на остварување на резултатите од зацртаната стратегија. Бруто полисираната премија во дадениот период беше 0,4% повисока, споредено со резултатите од истиот период во 2015 година (5,2 милиони евра).

Особено добри резултати компанијата оствари во доменот на автомобилските осигурувања, каде што беше постигнат раст на бруто полисираната премија во износ од 18%, споредено со првиот квартал од минатата година, а компанијата постигна одлични резултати и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување. Лидерската позиција на компанијата ја потврди растот во уделот на пазарот на неживотно осигурување од 2,9%.

Фокус на компанијата во првиот квартал од 2016 година беше воведувањето на нови и иновативни производи и услуги на пазарот. Во дадениот период Триглав ја воведе услугата автомобилска асистенција, која што на клиентите на Триглав им овозможува помош во Македонија и во Европа.

“Триглав ја потврди својата иновативност и посветеност на развој на пазарот, како единствена осигурителна компанија која што нуди автомобилска асистенција. Оваа услуга овозможува поддршка на нашите клиенти кога тоа им е најпотребно, што е суштината на Триглав – да создаваме вредности, кои што на нашите клиенти навистина им значат“, изјави главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ, стои во соопштението.

Предизвиците на осигурителниот пазар и пред сé историски ниското ниво на каматни стапки на финансиските пазари, како што се очекуваше во групацијата Триглав, влијаеа на работата на водечката осигурително – финансиска групација во Словенија и во регонот Адрија во првото тромесечје од 2016 година.

Групацијата на словенечкиот пазар обезбеди 84,2% од консолидираната бруто полисирана премија, што е половина процентен поен повеќе од истиот период минатата година. На пазарите надвор од Словенија сите компании ќерки, со исклучок на Бања Лука, постигнаа раст во премија. Во согласност со стратешките насоки и планот за оваа година, фокусот на групацијата Триглав останува пред сѐ на зачувување на високата финансиска стабилност, профитабилноста и безбедното работење. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, во првиот квартал од 2016 година ја потврди својата лидерската позиција во развојот на осигурителниот пазар во Македонија со воведување на нови и иновативни услуги.

Групацијата Триглав постигна добри резултати во доменот на основната осигурителна дејност. Тоа јасно го покажува комбинираниот количник, кој што е показател на профитабилноста во работењето во доменот на неживотните осигурувања и кој што во дадениот период групацијата Триглав и Заваровалница Триглав го подобрија. Количникот на групацијата при крај на тромесечјето годинава изнесуваше 91,4%, додека количникот на матичното друштво изнесуваше 82,3%.