Трикови со кои работодавците ги принудуваат вработените да дадат отказ

236

Губење на работа е една од најстресните ситуации во животот на секоја личност. Постојат работодавци кои го земаат предвид овој факт при спроведување на плановите за рационализација, но исто така и оние кои тоа го прават на наједноставен и најчесто најсуров начин, без размислување. Тука се и оние трети лица, кои се трудат во моментот кога ќе дадат отказ да му дадат до знаење дека тоа е за негово добро.

Германски Fokus ​​го пренесува искуството што го имал Ашкан Саjоуги, адвокат специјализиран за работно право.

Програми за волонтирање

Овој трик честопати е толку добро маскиран што е тешко да се забележи дека е на штета на работникот. Програмата за волонтирање звучи добро, бидејќи го има оној сегмент што е поврзан со “доброволно“. Но, во реалноста, тоа е програма со лоши услови и одредби за договор според кои компанијата секогаш победува. Оваа програма често се користи за жени кои сè уште се на породилно отсуство или штотуку им завршило. Тие се согласуваат на програми за “волонтирање“ затоа што не можат да работат навечер или за време на викендите.

Скратено работно време

Само под изговор на кризата поради пандемијата, во овој период голем број работодавци им нудат на вработените да останат на работа, но со намалено работно време. Ова може да биде сомнително, доколку има работници кои сè уште работат со полно работно време. Пресметката на работодавачот во овој случај е дека вработените со скратено работно време ќе го изгубат интересот за работата, што подразбира помалку приходи, така што тие ќе заминат сами.

Понуда на неповолен договор за престанок на работниот однос

Секој од вработените, како што тврди германскиот адвокат, мора да има предвид дека договорот бил склучен за да му користи секогаш на работодавецот, а не на работникот. Во оваа смисла, делови од договорот честопати се нејасно напишани, со што се отвора можноста за различни толкувања. Вработен кој не бара разјаснување на секоја точка од договорот за договорено прекинување на работниот однос, секогаш е во опасност што потпишаното, и оди во негова корист, да не се спроведе.

Амнезија кога станува збор за плата

Постојат и газди кои едноставно “забораваат“ да ја исплатат платата на оној што повеќе не го сакаат во компанијата. Ова се случува главно на оние со ниски плати, вклучувајќи и многу самохрани родители. Бидејќи генерално немаат време да чекаат, тие брзо заминуваат во потрага по нова работа.