Трикови за креативност што може да се научат од децата

89

Зошто децата имаат бескрајна креативност, а на возрасните секогаш им недостасува за да можат да решат некој проблем или да донесат одлука?

Тоа е така затоа што децата ѝ се препуштаат на имагинацијата, не поставуваат граници, не следат стереотипи и не почитуваат ригидни правила. Од таа причина, ако вашата работа бара постојана креативност, тогаш овие совети никогаш не ги заборавајте:

Никогаш не се откажувајте од соништата

Соништата се крајната точка кон којашто сакаме да стигнеме во догледно време. Она што е многу важно е никогаш да не се откажувате од нив, бидејќи само ако силно верувате, ако многу посакувате и напорно работите, тогаш целиот универзум ќе работи за вас.

Не ја заборавајте насмевката

Како растеме, така забораваме да се смееме. Децата и детската насмевка се нешто најубаво што може да се види и чуе, а како растеме така подзабораваме на таа важна работа. Никогаш немојте да го губите оптимизмот, дури и во ситуации кога сметате дека нема решение.

Не бидете крути перфекционисти

Перфекционизмот секогаш нè турка кон подобро, но не мора тоа секогаш да биде крајната цел. Понекогаш е дури подобро кога ќе направиме некаква грешка или пропуст, бидејќи така ќе може да научиме нешто ново, да стекнеме ново искуство, да бидеме помудри во иднина. Важно е да знаете што сакате во животот, да имате јасна цел, да ги знаете своите можности и потенцијали.

Не ги земајте работите секогаш здраво за готово

Децата на сите работи гледаат како на нешто нови, без разлика дали се работи за едноставни предмети или за сложени ситуации. Љубопитноста на децата е природен процес, ги интересира сето она што ги опкружува, па затоа тие постојано поставуваат најразлични прашања и бараат одговори. Возрасните луѓе многу од работите ги земаат здраво за готово, не поставуваат толку прашања и не се љубопитни. Затоа стануваат “робови“ на секојдневните навики и рутини.

Фото: Pixabay