Tripty project – облека и модни додатоци направени од ананас

46

tripty project 1

Модниот старт – ап Tripty project создава облека и модни додатоци од остатоци од ананас и други рециклирани природни материјали.

tripty project

Основачи на овој старт – ап се Лук Свансон и Брук МекЕвер, кои работат во Бангладеш. Од локалното население ги собираат остатоците од земјоделските производи, како и од ова овошје и ги трансформираат во материјали за изработка на облека, чанти и други модни додатоци.

tripty project 2

При изработката на рециклираните ткаенини, Tripty користи индиго и природна кора од дрвјата, по што се добиваат уникатни бои и дизајни.