Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со коронавирусот

33

Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со коронавирусот, промената е незначителна бидејќи горивата поевтинија за 20 денари по литар од јануари до сега, информираат од Владата.

Владата донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Со оваа Уредба се пропишува износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, за гасно масло како погонско гориво, односно дизел горивото, за гасното масло како гориво за греење.

Уредбата е донесена за да се ублажуваат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот КОВИД-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот.

Фото: Pixabay