Трите најголеми грешки во продажбата

29

Фото: Pexels

Недоволна посветеност

Пред се, треба да ја сакате работата и да бидете посветени на истата. Има многу луѓе кои не се сигурни дека го сакаат тоа што го работат. Последиците на ваквите внатрешни дилеми се, недоволна самодоверба, несигурност и неизбежно – неуспех.

Ако сакате да бидете успешен продавач, морате да бидете “опседнати“ со вашата работа, а потоа и убедени дека со вашиот производ или услуга може да ги задоволите потребите на вашите клиенти. Тоа значи дека морате максимално да искористите се што ви стои на располагање и што се наоѓа во вашето опкружување. Прочитајте и прелистајте ги сите каталози и материјали за вашата компанија, за да знаете што повеќе за производите, одржувајте состанок со вашите надредени и со вашите колеги, каде ќе пронаоѓате нови идеи за унапредување на продажбата. Читајте книги и собирајте информации кои се однесуваат на продажба. Секако, подготовките се многу важен сегмент и ако сакате да го продадете вашиот производ или услуга, морате да бидете во контакт со вашите потенцијални клиенти.

Не ги слушате клиентите

Ако продавачот цело време зборува и не му дозволува на купувачот да дојде до збор, ако инсистира на своите ставови и пробува да “му одржи предавање”, најчесто се работи за неуспешен продавач. За разлика од нив, успешните продавачи ги охрабруваат купувачите да зборуваат за себе и за нивните проблеми, бидејќи тоа е единствениот начин да дознаат важни информации што ќе го поврзат нивниот производ или услуга со единствените потреби на клиентот. Суштината на продажбата е да му помогнете на купувачот да го реши неговиот проблем, а не да му ја “подметнете” вашата услуга или производ по секоја цена. Затоа, дозволете му на купувачот да ја заврши реченицата, никогаш не го прекинувајте. Од друга страна, дадете му до знаење дека може да ве прекине во секое време доколку му е потребно дополнително објаснување или информација. Кога ќе ви постави директно прашање, вашиот одговор треба да биде краток и јасен. Вака ќе се издвоите од огромната маса продавачи кои едноставно премногу зборуваат.

Не фаќате белешки

Секоја продажба може да се подели во 4 фази:

1. Контактирање на потенцијалните купувачи во којашто продавачот воспоставува прв контакт со новиот потенцијален купувач за да утврди дали има можност за соработка.

2. Интервјуирање на клиентот во кое продавачот ги спознава желбите и потребите на клиентот и утврдува дали неговите производи и услуги можат да ги задоволат неговите потреби.

3. Презентација, во која продавачот презентира на кој начин неговите производи или услуги можат да му ги решат проблемите на купувачот, кои ги утврдил во претходната фаза.

4. Финална фаза, во која продавачот од купувачот бара да го купи производот.

Во текот на интервјуирањето “фаќањето белешки”  е од огромно значање, иако многу продавачи не го користат ова средство коешто им стои на располагање. Пред се, ова ќе ви помогне да воспоставите сериозен и професионален однос со купувачот. На овој начин покажувате дека сте професионални и организирани и она што е најважно, покажувате дека сте заинтересирани да ги дознаете потребите на вашиот купувач.