Тркалезна маса на телата за акредитација на ЈИЕ

46

Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Германскиот институт за метрологија (ПТБ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа.
Средбата има за цел да се намалат трговските бариери на регионално ниво, но и пошироко, имајќи ја во предвид улогата на акредитацијата преку примена на соодветни меѓународни стандарди да обезбеди повисок квалитет на производите и услугите.
Тркалезната маса е во рамките на проектот Промоција на регионалната соработка во Југоисточна Европа на полето на инфраструктурата за квалитет, а ќе учествуваат и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.