Тркалезна маса за поддршка, поттик и промоција на жени претприемачи

31

Сојузот на стопански комори на Македонија организира тркалезна маса на тема Поддршка, поттик и промоција на жени претприемачи. Целта на настанот е поттикнување на женското претприемништво во Македонија.

На трибината предвидено е обраќање на Даниела Арсовска, претседател на ССК, а најавено е присуство и на заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и пратеничката Даниела Рангелова.

На дебатата ќе присуствуваат триесеттина жени претприемачи – менаџери, од повеќе сектори, кои ќе ги споделат своите исуства. Исто така, ќе се дискутира за бенефитот од субвенциите кои се доделуваат за жените претприемачи, но и за можноста од зголемување на сумата која во моментот е во висина од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари по компанија.