Тројцата најбогати во светот, годинава нема да платат данок

42

На почетокот на месецов, беше објавено дека основачот на Tesla, Илон Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине во Тексас, каде се гради новата фабрика на Теsla.

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, кој има нето вредност од повеќе од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон. Третиот по богатство според листата на Bloomberg, креаторот на Microsoft, Бил Гејтс, исто така живее во Вашингтон.

Тексас и Вашингтoн се две од деветте американски држави кои не собираат данок на доход. Останатите седум се Алјаска, Флорида, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.

Инаку, за Маск оваа година беше многу успешна. Неговот богатство е во пораст откако акциите на Tesla растат. Пред четири дена, на 18 декември, неговите акции пораснаа за 6%, поставувајќи највисоко ниво од 695 долари.

Во изминатите 12 месеци на својата нето вредност додаде повеќе од 127 милијарди долари. Според мислењето на Forbes, само неговата компанија SpaceX сега се проценува на 46 милијарди долари.

Фото: Freepik