Тропски температури: Кога да побарате лекарска помош

17

sonce-2-pexels

Фото: Pexels

Пеколно високите температури тешко ги поднесуваат сите, независно од возраста. Тие можат да бидат особено опасни за старите и болните лица. Затоа е навистина важно да ги слушате советите на лекарите и да се придржувате кон нив.

Доколку почувствувате вртоглавица, слабост, вознемиреност, интензивна жед, веднаш отидете во изладена просторија и измерете ја телесната температура.

Испијте неколку голтки вода или овошен сок, но никако од фрижидер.

Кога треба итно да повикате лекар

Ако вие или личноста што е со вас почувствувате болни грчеви во мускулите (кои често се последите од прекумерното вежбање на топло време) особено ако истите се во нозете, рацете или на стомакот, влезете во просторија која е соодветно изладена и постепено внесувајте течности, најдобро вода.

Доколку и покрај тоа грчевите не се смират за еден час, побарајте лекарска помош. Ако осетите невообичаени симптоми или ако симптомите долго траат, појдете на лекар.

Не ги занемарувајте сувата кожа, појавата на грчеви, вртоглавицата, несвестицата… итно побарајте помош. Исто така додека чекате да стигне помошта, ослободете се вие или личноста на која и помагате од вишокот на облека.