Фото: Pixabay
Tрошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во првото тримесечје од оваа година, во однос на последното тримесечје лани, се пониски за 0,6%, трошоците за материјали се повисоки за 0,5% и трошоците за вработените се пониски за 3,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2019 година, во споредба со првото тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4,3%, трошоците за материјали се повисоки за 1,7% и трошоците за вработените се повисоки за 11,3%.