Трошоци за заштита на животната средина во 2016 година

46

environmental-protection-pixabay

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2016 година изнесува 9.778.945 илјади денари.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (41,5%), потоа учеството на трошоците за управување со отпадни води (33,8%) и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (8,7%).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 54,7%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 45,3%.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 6.378.657 илјади денари, односно 65,2%.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 54,1% се наменети за инвестиции, а 45,9% се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 61,3%.