Трошоците за увоз на храна оваа година на рекордно ниво

27

Трошоците за увоз на храна оваа година ќе достигнат рекордно ниво, поттикнато од поскапените земјоделски производи и силната побарувачка во време на пандемија, соопшти агенцијата за храна на Обединетите нации.

Глобалните трошоци за увоз на храна, вклучувајќи ги трошоците за транспорт, оваа година ќе се зголемат за 12%, на 1.715 милијарди долари.

Трговијата со земјоделски производи се зголеми во време на пандемија, но растот на цените од крајот на 2020 година носи поголем ризик за сиромашните земји што се зависни од увоз.

Индексот на цените на храна на агенцијата во мај достигна највисоко ниво во последните 10 години, што е последица од големото поскапување на житарките, растителните масла и шеќерот.

Фото: Pexels