Трудот, љубезноста и посветеноста се формула за нашиот успех

81
1471986_10201350964754342_1802964131_n
Дарко Петковски, сопственик на фризерско студио Allure

Во денешно време кога конкуренцијата во Скопје и Македонија е голема, мислевме дека ќе ни биде тешко да се пробиеме, но се покажа дека трудот, љубезноста и посветеноста кон нашите клиенти и најмногу од се, квалитетот, се вистинската формула за нашиот успех.

БИ: Од каде идејата за фризерско студио, како започна целата приказна на Алур?

Со фризерството започнав да се занимавам на 15 години. Како што минуваа годините, постепено се усовршував и стекнував искуство, а воедно го градев и својот стил на работење. Во текот на тие години посетував и семинари во Загреб и Милано и активно учествував на повеќе натпревари.

Идејата за создавање на едно ново, современо фризерско студио се случи пред скоро две години во разговор со мојата пријателка, а сега веќе и партнер во работата, Маја Унковски. Го создадовме Студио Алур кое сега успешно функционира, со огромна помош и поддршка од моето и семејството на Маја и секако, нашите блиски пријатели.

581826_10201350970034474_1585437895_n

БИ: Што се нуди Алур и колку луѓе моментално работат во студиото?

Освен фризерски услуги од секаков тип, во рамки на студиото нудиме и професионална шминка за целосен третман на нашите клиенти. Во нашиот тим работат пет луѓе, од кои јас и Маја како основачи на салонот и примарни фризери, две девојки Сања и Симона кои ни асистираат и соработникот Небојша Пешевски кој е задолжен за шминка.

БИ: Сте соработувале ли со останати фризерски студија, шминкери, дизајнери…?

Досега имаме соработувано и со млади дизајнери како што е нашата надежна модна креаторка Ирина Тошева. Сме биле дел и од снимањето на повеќе рекламни спотови на познати личности од нашата естрада, од аспект на фризура и шминка, а неодамна имавме и мал проект наречен Пред и потоа, за чија цел правевме целосна трансформација и освежување на изгледот на девојките што ни доаѓаа во салонот.

1451541_10201350965074350_1160964529_n

БИ: Кои производи најчесто ги користите, кои брендови се вклучени во услугите на Алур?

Во нашето студио работиме исклучиво со квалитетни производи, претежно од линиите на Еуген Перма и Кене. Во зависност од типот на косата (нормална, масна, сува коса) нудиме и професионална нега со високо-квалитетни препарати, а честопати даваме и сугестии во врска со негата на косата што клиентот може и сам да си ја практикува во домашни услови.

БИ: Со оглед на тоа дека трендовите во модниот свет постојано се менуваат, колку вие како фризерско/шминкерско студио ги следите случувањата? Или можеби диктирате некои свои трендови?

Кога би зборувал за најновите трендови на нашето подрачје, не би можел да издвојам еден, затоа што постојано се навраќаме на некои стари трендови и своевремно модерни фризури. Па така, од неодамна повторно во мода е боб-фризурата за која се повеќе девојки се одлучуваат да ја направат.

Шишките се исто така постојано актуелни, па имаме барања и за класични, прави и долги шишки, но имаме и пошик желби како кратки и ретро свиткани шишки или пак – несиметричните, неправилни или во крива линија шишки. Како најинтересни клиенти би ги споменал оние што доста често се спремни за големи промени како во должината на косата, така и во бојадисувањето. Кратката женска фризура е секогаш интересно поле за експериментирање, но никогаш не настојуваме на тоа ако клиентката не е сигурна. Омбре е моментално најпопуларниот стил на бојадисување кај девојките со подолга коса, но со дозвола од клиентите, понекогаш и ние даваме предлози за мала игра со бојата на косата.
556250_444846562210663_1644279605_n БИ: Кај женските клиенти полесна е трансформацијата на фризурата, похрабри се кога треба нешто да се смени. Што е со машките клиенти, има ли такви кои се одлучуваат на посмели промени?

Машкиот дел од нашата клиентела секогаш е со помалку барања, па најчестата фризура е онаа ”од минатиот пат”. Работиме со клиенти од сите возрасти, од женската, но и од машката популација. Секогаш тежнееме да ги почитуваме желбите на клиентите, но честопати и ние како тим им нудиме некоја идеја доколку се двоумат што би било совршено за нивниот изглед и имиџ.

Сме имале ситуации кога клиентот доаѓа со широка палета на понудени солуции, па сме наидувале на проблем во одлуката каква фризура да изведеме, но на крајот секогаш задоволството е очигледно кај клиентите.

304252_569733723055279_2126675406_nБИ: Kaко се справувате со големата конкуренцијата во главниот град?

Во денешно време кога конкуренцијата во Скопје и Македонија е голема, мислевме дека ќе ни биде тешко да се пробиеме, но се покажа дека трудот, љубезноста и посветеноста кон нашите клиенти и најмногу од се, квалитетот, се вистинската формула за нашиот успех.

БИ: Амбициите на Алур за во иднина…?

Имаме големи амбициите за иднината на судиото. Тие се темелат на проширување на работата и на салонот со цел да бидат достапни што поголем број на услуги за нашите почитувани клиенти на едно место.