Царинската управа доби сертификат ISO 9001:2015

415

jПо спроведена  сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015 од страна на Сертификационото тело МКД Сертификат Царинската управа се стекна со овој сертификат.

Имено, Царинската управа во 2013 година се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет. Посветеноста на Царинската управа кон квалитетот, корисниците и клиентите низ годините доведе до усовршување на процесите и постапките што резултираше со добивање на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки што се спроведуваат во Царинската управа, како и услугите коишто ги дава и нуди заинтересираната страна се во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и во насока на постојано подобрување на работењето и задоволување на барањата на сите заинтересирани страни . Сето ова претставува уште една  потврда за успешната работа на Царинската управа.