Царинската управа домаќин на Светската царинска конференција

48

Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24.10.2019 година во Скопје ќе биде домаќин на 14-тата Светска царинска конференција ПИКАРД. Изборот на Царинската управа и на Република Северна Македонија за домаќини на оваа конференција е потврда на реформскиот напредок на Владата на Република Северна Македонија за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.

Тема на годишната светска конференција е SMART BORDERS за непречена трговија, патување и транспорт, потврдувајќи ја определбата за непречено движење на стоки, патници и транспортни средства преку границите. Главни теми што ќе се разговараат на конференцијата се: Анализа на големи податоци – Big Data Analytics, Координација и соработка на граници, Преку-гранична Е-трговија, Специјални економски зони, Технологија на граничните премини и Намалување на протекционизмот.

На светската конференцијата се очекува да присуствуваат директори на царински управи од сите континенти, претставници на академската заедница, универзитети и институти.