ЦЕЕД ЕДУ во доџото Пат кон Сонцето: Патот од почетната до крајната точка се нарекува дисциплина

114

Што е дисциплина? Зошто дисциплината е многу важна во животот? Што значи дисциплина во боречките вештини, а што во бизнисот? Што значи трпение, што е успех, што е неуспех? Како се стигнува до целта?

Можеби “на прва” боречките вештини и бизнисот немаат допирна точка, но дел од филозофијата и психологијата што ги практикувале јапонските самураи и нинџи, дефинираат неопходни вештини за развојот на претприемачката кариера.

Ова на децата од ЦЕЕД ЕДУ им го пренесе сенсеи Игор Довезенски, кои беа во посета на Хомбу доџото на Организацијата за изучување традиционални јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето.

1

Игор Довезенски во 1995 година ја создава единствената организација во Македонија во која што се вежбаат најпознатите јапонски класични самурајски и нинџа стилови на борба. Пат кон Сонцето е некомерцијална организација посветена на изучувањето на традиционалните јапонски борбени вештини, во чии рамки работи првото нинџутсу доџо во земјата – Буџинкан Македонија. Во Буџинкан се изучуваат девет традиционални јапонски борбени школи (рју-ха). Некои од нив имаат самурајски корени, а некои низ текот на времето биле преземени и усовршувани од страна на легендарните нинџа воини.

9

Еве што видовме внатре во доџото:

2

Пат кон Сонцето, дрворез, подарок на сенсеи од неговите ученици.

3

Тука се напишани катите од Хиден Мокуроку, доделени на сенсеи Довезенски од неговиот учител, единствениот шихан (мајстор) за Даито рју Аикиџуџутсу, а кој не е Јапонец – Антонино Черта од Италија.

tabla

Нафуда Каке или како што популарно ја нарекуваат во доџото – таблата на честа. Секој ученик кој ќе стигне до петти степен, неговото име се запишува на дрвена даскичка на таблата.

5

Буки Каке – полица за оружјата наменети за вежбање.

6

Боречки олтар или камиза на организацијата Буџинкан и деветте школи што се изучуваат. Од левата страна е Масааки Хатсуми, предводникот на организацијата Буџинкан, а од десната страна е неговиот учител Тошитсугу Такаматсу, познат како “последниот вистински нинџа“.

7

Крвната заклетва на сенсеи Довезенски за вештината Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. Се засекува прстот со нож и со крвта се потпишува името. Тоа е доказ дека ќе бидете лојални на школата и ќе ги почитувате следните правила: не смеете да ги издавате тајните на вештината дури ниту на вашите најблиски; не смеете да се впуштате во кавги или непотребно да ја употребувате вештината; не смеете да посетувате коцкарници или други неморални места; без дозвола на учителот не смеете да ја употребувате вештината во борба.

8

Шурикените што сенсеи Довезенски ги има донесено од Јапонија, а дел од нив и самиот ги изработил.

На децата и младите им беа презентирани неколку боречки вештини:

Демонстрација на Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу, најстарата школа за јапонско мечување

10

11

12

13

14

Презентација на Нинџутсу

15

16

17

18

Кенџутсу

19

Даито рју Аикиџуџутсу

20

21

“Можеби ова вам ви изгледа страшно на прв поглед, но ние го вежбаме долги години. Но страшно е и ако се возите на ролери и ако паднете, а не знаете да паѓате. Ние најпрвин тоа го учиме. Затоа што ако знаете како да паднете, ќе можете брзо да се вратите на нозе. Јапонците велат “Седум пати падни, осум пати стани”. Знаете што значи тоа? Ако во животот некогаш ви се случи некаков пад, но не во физичка смисла, туку да ви се случи нешто неубаво, треба да продолжите понатаму. Треба да станете и да продолжите да чекорите со крената глава. Мора секогаш да продолжите да се борите, да не се откажувате никогаш”, им рече сенсеи Довезенски на членовите на ЦЕЕД ЕДУ.

Откако ги видоа презентациите, децата и младите ја вежбаа катата Иппон Дори. Одлично се забавувавме! 🙂

22

23

24

25

26

27

28