ЦЕЕД Интернационална конференција во Љубљана – иднината на бизнисот

17

ceed

На 28-ми и 29-ти овој месец Љубљана е домаќин на ЦЕЕД Интернационална конференција – иднината на бизнисот.

На оваа конференција ќе учествуваат над 400 претприемачи и бизнисмени од повеќе од 14 земји. На настанот ќе има говорници од Њујорк, Чикаго, Сан Франциско, Вашингтон, Берлин, Лондон и од земјата домаќин.

govornici

ЦЕЕД (Центар за развој на претприемачи и менаџери) развива онлајн и мобилна платформа за своите членови на глобално ниво. Поради тоа, на 29-ти септември го организира првиот Хакатон на којшто учесниците може да претстават иновативни идеи, искуства и да дадат свој придонес во развој на платформа, којшто што ќе им биде корисна алатка на претприемачите ширум светот.

ЦЕЕД Македонија започна со работа во септември 2007 како трет центар во мрежата на ЦЕЕД менаџерски и претприемачки центри основани од страна на американскиот инвестициски фонд СЕАФ кои постојат во Бугарија, Словенија, Романија, Србија, Мароко, Тунис, Танзанија, Ерменија, Албанија, Косово, Молдавија и Босна и Херцеговина.