ЦЕЕД Македонија добитник на посебна награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа

37

Центарот за развој на претприемачи и менаџери (Center for Entrepreneurship and Executive Development – CEED) ЦЕЕД Македонија, е добитник на посебна награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во централна и југоисточна Европа од страна на Меѓународниот економски форум Перспективи.

“Нашиот стремеж како ЦЕЕД Македонија е земјата да развие еко систем во којшто претприемачите ги имаат сите неопходни предуслови за да бидат креативни, ефикасни и успешни на долг рок. Нашите програми, networking настани, средби со ментори и предавачи, клубот на бизнис ангели, хабот, се чекор кон создавање финансиски стабилна заедница што ќе има потенцијал за воспоставување лидерска позиција во својот сектор. Признанието е само потврда за нашите заложби за просперитет и економски раст, а во исто време поттик за безрезервна поддршка на нашите претприемачи. Се надеваме дека и во иднина ќе ги прошируваме нашите капацитети, а нашите know – how решенија ќе допрат до што е можно поголем број претприемачи, бизнисмени, менаџери и сопственици на старт – ап идеи“, изјави Јован Маџовски, Регионален менаџер на ЦЕЕД Македонија за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија.

Меѓународниот комитет за доделување награда и признание донесе одлука да додели награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во централна и југоисточна Европа на ЦЕЕД Македонија.

“Дополнително анализирајќи ги резултатите на ЦЕЕД Македонија, посебно дејноста и реализираните проекти, Меѓународниот комитет донесе Одлука на ЦЕЕД Македонија да му се додели посебна награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа Создавач за векови“, велат организаторите.

Доделувањето на наградите и признанијата Создавачи за векови ќе биде одржана во Дубровник од 22-ри до 24-ти март оваа година.

Паралелно со овој настан ќе биде одржан и шестиот Регионален самит на претприемачи на Централна и Југоисточна Европа 300 Најдобри.