Целосно закрепнување на глобалниот туризам во 2024 година

42

Оваа година бизнисот на туристичкиот сектор во светот ќе се приближи до нивоата пред пандемијата, но нема да ги достигне. Сепак, веќе во 2024 година можеме да очекуваме целосно закрепнување на туризмот, најави Советот за патувања и туризам, асоцијација која обединува здруженија од оваа индустрија, пренесува CNBC.

Тие предвидуваат дека туристичкиот сектор годинава ќе забележи приход од 9,5 милијарди долари, што е само пет отсто помалку отколку што придонел за глобалниот БДП во 2019 година, пренесува порталот „Бизнис и финансии“.

За време на пандемијата, бројот на патувања и туристички тури драстично опадна, но тој е во постојан пораст од нормализирањето на состојбата со пандемијата. Целосно закрепнување на светскиот туризам се очекува во наредната година поради поголемиот број кинески туристи кои ќе патуваат низ светот, кога ќе се нормализира состојбата во Кина. А во годините по 2024 година туризмот треба да биде на нагорна патека.

Досега, туристичките сектори на САД и Доминиканската Република најдобро закрепнаа од пандемијата, а Европа, Блискиот Исток, Африка и азиско-пацифичкиот регион се очекува целосно да закрепнат во 2024 година. Закрепнувањето на туризмот на Карибите треба да дојде во 2025 година.