Цементарницата Усје во првото полугодие од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 518.527.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, Цементарницата прикажа добивка од 789.227.000 денари.
Вкупните приходи од продажба се во висина од 1.794.521.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 1.505.388.000 денари, додека 289.133.000 денари се реализирани на странски пазари.