Цената на бакарот го достигна максимумот во една деценија

27

Цената на бакарот достигна највисоко ниво во последната деценија, додека глобалното закрепнување од пандемијата го поттикна растот на пазарите на метали, јавува Bloomberg.

Алуминиумот поскапе, а цената на железната руда достигна нов врв. Метали поскапуваат и благодарение на програмите за закрепнување од коронавирусот. На растот влијае брзото закрепнување на САД и инфраструктурниот план на претседателот Џо Бајден во вредност од 2.250 милијарди долари, што ќе понуди поддршка на повеќе сектори. Во исто време и кинеската економија придонесува со својот раст и економско зајакнување.

Цената на бакарот порасна за 1,47% на 9.715 долари за тон, а претходно достигна 9.750 долари, што е највисока цена од 2011 година.

Фото: Pexels