Цената на гасот надмина 600 долари за 1.000 кубни метри

61

На европскиот пазар, за прв пат во историјата, фјучерсите на цените на гасот надминаа 600 долари за 1.000 кубни метри.

Како што се наведува, цената на октомврискиот договор достигна 600,6 долари на 30 август, а до крајот на денот, цената се намали на 588 долари.

Цените на „спот“ пазарот, исто така, растат: вредноста на договорот за гас „ден однапред“ со испорака во вторникот достигна 580 долари во најликвидниот европски центар – холандски ТТФ, пренесе „Спутник“.

На европските платформи цената на гасот се зголемува во текот на целиот август. Аналитичарите велат дека причините за тоа, меѓу другото, се големата побарувачка за гориво во Азија и недоволните резерви во капацитетите за складирање гас во северозападна Европа и неизвесноста со пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“.

Патем, „Газпром“ купи само четири проценти од обемот на дополнителни капацитети предложени од Киев за септември, иако купи се во претходните месеци.