Цената на гасот повторно го сруши рекордот- колку вредат денес 1.000 кубни метри

46

Цената на гасот во Европа продолжи да “дивее“ и повторно го сруши историскиот рекорд, достигнувајќи денес ниво од речиси 1.200 долари за 1.000 кубни метри.

Цената на ноемвриските фјучерси во холандскиот гасен центар TTF скокна до 100 евра за MWh на отворањето утрово, или на 1.199,44 долари за 1.000 кубни метри, но подоцна се намали за 1,7 проценти на околу 1.150 долари, пренесува Тас.

Една од причините за ваквото нагло зголемување на цените може да лежи во фактот дека протокот на гас преку гасоводот Јамал-Европа падна за скоро трипати рано утрово, по што закрепна на околу 0,5 милиони кубни метри на час.

Протокот на гас преку овој гасовод изнесуваше 2,2 милиони кубни метри на час во четвртокот, додава руската агенција.

На почетокот на оваа недела, цените на гасот во Европа надминаа 1.000 долари за 1.000 кубни метри за прв пат во историјата, по што тие продолжија да растат над нивото од 1.100 долари.