Цената на литиумот падна за речиси 80 отсто

Според податоците на кинеските берзи, цената на литиумот во Кина е намалена за речиси 80 отсто на годишно ниво.
Вредноста на литиум карбонат е 130.000 кинески јуани или 16.653,64 евра за тон.

На месечна основа, цените на литиум карбонат паднаа за повеќе од 20 проценти.

Песимистичката перспектива за развојот на овој сектор ги наведе производителите на батерии за електрични автомобили да се воздржат од купување значителни количини на литиум и други влезни материјали во текот на третиот квартал кога вообичаено ги надополнуваат залихите, пренесува Танјуг.

Покрај горенаведените фактори, на пазарот владее дополнителна загриженост откако ЕУ започна истрага за субвенциите на Пекинг за производство на електрични возила.

На овој начин се зголеми ризикот од нови царини и трговски бариери меѓу Европската унија и Кина.