Цената на литиумот во Кина падна на најниско ниво во последните три месеци

30

Според податоците на кинеските берзи, цената на литиумот денеска падна на најниско ниво во речиси три месеци.

Вредноста на литиум карбонат падна под 255.000 кинески јуани, односно под 32.085,50 евра за тон.

Цената на литиум карбонатот падна за 17,24 отсто на месечно ниво, а за 46,7 отсто на годишно ниво.