Цената на нафтата бележи пад – поскапуваат житарките

74

Пазарот на нафта од утрово бележи пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 106 долари, што е пад од околу 1 отсто во однос на истиот период вчера. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 104 долари за барел, што е исто така пад од околу 1 процент.

Цена на пченица и пченка

Од утрово поскапуваат житарките. Од утрово цената на пченицата е 1.113 долари за тон, што е зголемување за околу 2 отсто во однос на претходните денови. Цената на пченката е 788 долари, што е исто така пораст од околу 1 процент.