Цената на нафтата благо падна

13

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна, по вчерашниот остар пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,83 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,48 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,50 на 156,80 јени.

Вчера курсот на доларот нагло падна од највисоките нивоа во последните 34 години, иако јапонските власти не потврдија дали интервенирале на пазарот за да го запрат слабеењето на јенот.

Утринава американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0705 долари, додека вчера во ова време беше 1,0730 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,11 отсто, на 88,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,21 отсто, на 82,45 долари.