Цената на нафтата изнесува 122 долари за барел

66

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 122 долари. Пред три недели барелот беше на ниво од околу 110 долари и помалку, а цената во последните денови континуирано расте. Aмериканската нафта се продава по цена од 121 долари за барел.

Биткоин утрово 30.138 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот денес изнесува 30.138 долари, што е мало намалување во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во мал минус.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.071 долар за тон, што е пад од речиси 1 процент во однос на вчера. Цената на пченката е 773 долари, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчера.