Цените на нафтата надминаа 77 долари за барел, поддржани од зголемената побарувачка, намалување на залихите во САД и информациите дека водечките производители само скромно ќе го зголемат производството во следните месеци.
На лондонскиот пазар цената на барел нафта поскапе за 1,86 долари и изнесува 76,48 долари, додека на американскиот пазар се зголеми за 2,37 долари на 75,84 долари.
Организацијата на земји членки извознички на нафта и нејзините сојузници, позната како OPEK+, планира зголемување на испораката на нафта за околу два милиони барели од август од декември, пренесува Ројтерс.
Месечното зголемување на испорака на нафта би била најмалку 0,5 милиони барели дневно.
Фото: Freepik