Цената на нафтата околу 70 долари за барел

28

Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија на 70 долари, поттикнати од очекувањата за раст на побарувачката по повторното отворање на европската и американската економија.

На лондонскиот пазар цената на барел порасна за 55 центи на 70,01 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 37 центи на 66,64 долари.

Британската економија повторно се отвори во понеделник, а Европа почнува да ги отвора градовите и плажите. Бројот на новозаразени во САД продолжува да се намалува, а Њујорк ја укина обврската за носење маски на вакцинираните жители.

Достигнувајќи ниво од 70 долари за барел во Лондон оваа година порасна за 35%, поттикната од намалената на понуда на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници.

Фото: Pixabay