Цената на нафтата падна

12

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, откако вчера претседателот на филијалата на ФЕД во Минеаполис, Нил Кашкари, изјави дека поради зголемената инфлација и силниот пазар на недвижности, ФЕД би можела да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво до крајот на годината.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,13 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,20 на 154,95 јени.

Доларот во последните денови зајакна во однос на јенот, иако јапонските власти предупредуваат на негативното влијание од слабоста на јенот и се закануваат дека повторно ќе интервенираат на пазарот за да го запрат слабеењето на јенот.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0735 долари, додека вчера во ова време беше 1,0765 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,43 отсто, на 82,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,40 отсто, на 78,05 долари.