Цената на нафтата падна – доларот благо порасна

11

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна, по остриот пад во претходните денови.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,35 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,55 на 151,30 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0855 долари, додека вчера во ова време беше 1,0870 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,89 отсто, на 80,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,93 отсто, на 75,95 долари.