Цената на нафтата паѓа

152

Цените на нафтата паѓаат од утрово. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 114 долари, што е намалување за околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 112 долари, што е исто така пад од околу 2% во однос на вчера.

Да потсетиме, цената на нафтата во текот на претходните денови се искачи на највисоките нивоа во последните 2 месеци.

Биткоин утрово 29.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.746 долари, што е пад од околу 5 отсто. И другите криптовалути бележат пад од утрово.

Цена на пченица и пченка

Цените на житата од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.041 долар за тон, што е пад од речиси 4 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 731 долар, што исто така е намалување за околу 3% во однос на вчера.