Цената на нафтата порасна

37

Цените на нафтата, пораснаа откако минатата недела стагнираa. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,36 отсто, на 85,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 81,85 долари.

На валутните пазари,  падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,70 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 105,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 160,85 на 160,95 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0735 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0713 долари.

Еврото го поддржаа резултатите од парламентарните избори во Франција. Навистина, екстремно десничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен победи во првиот круг од изборите во неделата, покажаа излезните анкети, но со помала разлика од прогнозата.