
На девизните пазари, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,20 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,66 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,25 на 151,40 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0840 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0815 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,08 отсто, на 86,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 82,05 долари.











