Цената на нафтата порасна

14

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново петмесечен максимум, со оглед на тоа што доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,37 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,70 на 154,40 јени, ново највисоко ниво во последните 34 години.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0610 долари, најниско ниво од ноември, додека вчера во овој момент беше 1,0650 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,54 отсто, на 90,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 85,90 долари.