Цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 105,68 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,75 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,55 на 156,10 јени.

Со оглед на тоа што доларот лебди на највисокото ниво во последните 34 години, јапонските власти предупредуваат дека може да интервенираат за да спречат понатамошно слабеење на јенот.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0725 долари, додека вчера во ова време беше 1,0705 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,39 отсто, на 89,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,35 отсто, на 83,85 долари.