Цената на нафтата порасна, доларот ослабе

13

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,98 поени, откако во вторникот достигна 106,51 поени, највисоко ниво во последните пет и пол месеци.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 154,30 јени, откако во вторникот го достигна највисокото ниво во последните 34 години, 154,79 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската за околу 0,5 отсто, па цената на еврото достигна 1,0665 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по остриот пад во претходните денови. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,30 отсто, на 87,55 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,19 отсто, на 82,85 долари.