Цената на нафтата порасна, доларот остро падна

17

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна, по извештајот за инфлација. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,15 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,70 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,70 на 150,55 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0870 долари, додека вчера во ова време беше 1,0695 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,33 отсто, на 82,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,27 отсто, на 78,45 долари.

Фото: Freepik