Цената на нафтата расте – 123 долари за барел

39

Цената на нафтата Брент достигна 123 долари и полека се враќа на рекордно ниво. Цената на американската нафта (ВТИ) утрово изнесува 122 долари. Пред три недели барелот поевтини и до 10 долари.

Биткоин утрово 30.000 долари
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот денес изнесува 30.356 долари, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден. Во плус се и другите криптовалути.

Цена на пченица и пченка
Од утрово поскапуваат житарките. Цената на пченицата е 1.074 долари за тон, што е зголемување за речиси 1 процент во однос на вчера. Цената на пченката е 764 долари, што е исто така пораст од околу 1% во однос на вчера.