Цената на нафтата во 2035 година околу 100 долари за барел

36

Цената на нафтата во иднина до 2035 година ќе биде околу 100 долари за барел, изјави вицепремиерот на Русија Александар Новак.

„Во 2012 или 2013 година, цените беа околу 100 долари. Сега цената е блиску до тоа ниво. Неодамна беше 95 долари, а сега е помеѓу 85 и 90 долари. Ако продолжиме до 2035 година, тогаш од гледна точка на математиката, цената ќе биде горе-долу околу 100 долари“, изјави Новак, пренесува ТАСС.

Тој наведе дека во следните 10 години на пазарот ќе се одвиваат процеси на дедоларизација, како и дека е тешко точно да се предвиди цената на нафтата, бидејќи на тоа влијаат повеќе различни фактори.

Аналитичарите на американската инвестициска банка Голдман Сакс предвидуваа дека ОПЕК во 2024 година ќе може да ја задржи цената на нафтата Брент во опсег од 80 до 105 долари за барел во позадина на стабилен раст на глобалната побарувачка, пред сè во азиските земји.