Цената на златото надмина 1.900 долари за унца

110

Цената на златото надмина 1.900 долари за унца за прв пат од 5 мај врз основа на статистиката за инфлација во САД.
Цената на февруарските фјучерси на златото на њујоршката берза „Комекс“ порасна за 14,45 долари или 0,78 отсто, на 1.893,75 долари за унца.

Неколку минути претходно цената на златото надмина 1.900 долари. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 2,39 отсто на 24.038 долари за унца, пренесува Срна.

Годишната инфлација во САД се забави на 6,5 отсто во декември од 7,1 отсто во ноември. Потрошувачките цени на месечна основа минатиот месец паднаа за 0,1 отсто, откако еден месец претходно пораснаа за 0,1 отсто.

Затоа, годишната инфлација е во согласност со прогнозите на аналитичарите и на месечна основа не се очекува промена на цените во САД.