Цената на златото расте

26

Денеска европските и американските берзански индекси се во најголем дел во пад, а во исто време е забележан раст на цената на златото и пад на цената на нафтата и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 17.058,06 поени, лондонски FTSE 100 на 7.719,85 поени, московски MOEX на 3.229,06 поени, додека францускиот CAC 40 се искачи на 7.774,5 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.627,99 поени, индексот S&P 500 на 5.005,57 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.775,65 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 78.261 долар, а на нафтата од типот брент на 83.418 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 23,625 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.022,37 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,5742 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07748, што е приближно исто како и вчера.